КОНТРА ЕНТРОПИЈА

мај 9, 2010

Одиме до Европа

Зачувано под: наука —Tagged , , — virial @ 10:27 pm

Не до онаа Европа која постојано ви ја сервираат од медиуми. Станува збор за месечината на Јупитер. Најпрво се кочи за да се намали интерпланетарната брзина со која сме дошле од Земјата до Јупитер…

Кочење

Обид за влез во орбита на Европа

И состојбата откако се обидов (неуспешно) да влезам во орбита:

Европа и Јупитер

На заминување од Европа. Јупитер е во позадина.

Дополнување: после малку размислување, и неколку корекции, успешно орбитирање на Европа. Упорноста се исплатеше.

Orbit

Во орбита околу Европа

Откако американците ја откажаа Констелејшн програмата, изгледа единствениот начин да се патува до планетите ќе ни остане овој со помош на симулации, барем на некое време.

Инаку, симулаторов се вика Орбитер, и може да си го симнете за без пари овде. Одличен е, има неверојатно многу можности за основни работи, а и за напредни корисници. Плус, се учи многу. Идеален за на час по физика, како да се мотивираат незаинтересирани ученици. Форум за корисници и поддршка се наоѓа овде.

Се гледаме во орбита :D

Powered by WordPress