ГУГЛ И НИЕ
Ако го насочите вашиот мрежен прелистувач на адресата на Гугл Мапс и ја побарате Битола, ќе ја добиете следнава мапа:

Ако одите на југ, и го побарате Лерин, ќе ја видите мапата:

Дали забележувате некои разлики? Сигурно забележавте дека Лерин е мапиран со податоци за секоја улица, а Битола … ич, ништо. Овие податоци им помагаат на луѓето кои имаат навигациони уреди да се снајдат многу брзо и лесно во местата кои се соодветно мапирани. Гугл ги зема податоците од две компании: NAVTEQ и TeleAtlas. NAVTEQ пред некоја година мапираше неколку земји во источна Европа. Македонија не беше мапирана.
Прашање до надлежните „органи“. Нели би било убаво кога во Македонија ќе дојдат туристите да го имаат на располагање овој навигациски систем? Така нема да мора да се мачите да обележувате разни атракции, тие сами ќе си ги најдат. Би можеле да им кажете и на Гугловци да ја обележат границата меѓу Македонија и Грција со нашето уставно име. Привремената спогодба не важи во овој случај. И на крај, чисто надвор од тема… Во Лерин има плоштад кој го носи името Александар Големиот. Провокација? Во сегашниов контекст, дефинитивно да.

јули 30th, 2010 at 11:24 am
Здраво Шуле, оправдано е, се досега сме биле со врзани раце http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=76&PID=49115#49115
но ред е сега и ние да ја оправиме, нели
јули 30th, 2010 at 11:24 am
Да, еве мило ми е што како што е кажано на форумот за градба
конечно се прави нешто на овој план. Ама, пак е до индивидуална иницијатива. За ситуацијата на југ како што кажав одговорни се компаниите за мапирање. Постот ми беше со цел да прашам што се случува на тој план. Оти од нивната работа може да се добијат и други производи, вклучително и мапи за уреди за навигација во автомобили.
јули 30th, 2010 at 11:24 am
па имаш adria route голем дел од главните сообраќајници се средени, а има и повеќе http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=147&PID=37879#37879 е сега не до степен на перфекција, но пополека тераме, имајќи предвид дека досега и јавно и самиот мапер ни беше недостапен… додека на државно ниво тоа треба институтот за географија нешто да превземе и да се активира на маперот, но сигурно и тие немаат абер што е како е, со оглед дека се со дефицит и на средства и на кадар кој доброволно би се ангажирал…
јули 30th, 2010 at 11:24 am
Шознам… зошто не можеше да биде како во Грција на пример, си доаѓа компанијава и си ја мапира земјава. ОК, можно е да има мапирање и од државата, или од неколку компании, но ваква ситуација каде нам основна покриеност, па нема ништо и на гугл е срамота.